ФОТО: ,,Специјалниот” е навистина посебен – Погледнете каде вечераше по победата на Рома!

Loading

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ги воодушеви фудбалските фанови со својата објава на Инстаграм.

Рома забележа победа на гостувањето кај Каљари, а Португалецот не можеше да го води својот тим од клупата поради црвениот картон што го доби против Наполи, но од трибините будно ги следеше случувањата на теренот.

По натпреварот тој огладне, па реши да руча на мир. Не можел да дочека тимот да оди во ресторанот, па купил оброк и го изел на скалите во близина на стадионот.

Мурињо на својот Инстаграм профил објави фотографија на која јаде, коментирајќи дека храната била добра и дека јадел на улица бидејќи не бил пуштен во соблекувалната поради казната.

„Специјалниот“ е навистина посебен!