(ФОТО) Се спрема нов боксерски спектакл! – Усик против Џејк Пол!?

Loading

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија, украинецот Александар Усик скоро една година е на врвот на светскиот бокс.

Фото: AP

 

Таа титула ја постигна откако во мај минатата година го победи Тајсон Фјури и ја освои титулата во ВБЦ, последното нешто што му недостасуваше.

Тој ги одбрани сите тие титули против истиот боксер во декември и сега ја чека својата следна борба.

Имајќи предвид дека ги победи повеќето од најголемите борци, тешко му е да најде противник.

Неговиот следен меч треба да биде против Британецот Даниел Дубоа, но на Усик нема да му биде проблем да се бори со инфлуенсерот и боксер Џејк Пол, но не во бокс меч.

Неговиот менаџер Сергеј Лапин ги претстави плановите во интервју за ОЛБГ.

„Усик се бори за своето наследство. Сака да биде запаметен како еден од најдобрите во историјата и ќе видиме која борба ќе му претставува најголем предизвик. Би било одлично да се бори со Пол и тој е многу заинтересиран за тоа, но исклучиво според правилата на ММА.

,,Тоа е борба би била многу интересна ако има пари во неа. Шампионот на УФЦ Алекс Переира, исто така, би бил добар противник, порача Лапин.