(ФОТО) Роналдо го одигра мечот на сезоната па се почасти со ,,ѕвер,, од 200 илјади евра!

Loading

Кристијано Роналдо со својот хет-трик му ја донесе победата на Манчестер Јунајтед над Тотенхем во Премиер лигата, а потоа одлично расположен пристигна на тренинг.

Со победата над Тотенхем, Јунајтед остана во трка за освојување на четвртото место на крајот од сезоната, а Португалецот ја прослави одличната партија со нов болид!

Тој до тренинг центарот дојде со најновата машина, кабриолетот Астон Мартин кој чини над 200.000 евра!

Фудбалерите на Јунајтед дојдоа на тренинг пред дуелот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а Кристијано собори еден рекорд со голови на мечот со „Петлите“.

Во Мадрид натпреварот заврши со резултат 1:1, а сега тимот на Диего Симеоне им доаѓа „на нога“ на Јунајтед.

Погледнете ја новата машина на Роналдо: