(ФОТО) Роналдо е вонбрачно дете на српскиот волшебник?! Како јајце на јајце се, а сличноста е неверојатна!

Легендарниот Драгослав Шекуларац беше фудбалски мајстор, а беше запаметен како брз играч со феноменална техника.

Некој би рекол дека она што е денес Кристијано Роналдо, токму тоа беше Шекуларац на врвот на својата кариера.

И двајцата знаат да направат речиси се со топката, двајцата ги понижуваа противниците и за двајцата единствен начин да ги спречат беа грубите фаули.

Сепак, покрај фудбалското знаење, тие двајца имаат и нешто заедничко. Многу љубители на фудбалот тврдат дека и по карактер си личат еден на друг.

Само споредете ја сликата на Шекуларац од неговите млади денови со една од Роналдо и ќе забележите дека тие имаат многу исти црти на лицето, а и нивната фризура била слична.

,,Роналдо ме потсетува на Бора Костиќ. Секогаш кога треба да постигне гол, го постигнува. Тој е опасен за голот, модерен играч, ја има таа дрскост и ароганција, но со парите што ќе ги добие би бил уште поарогантен – изјави Шекуларац во една прилика кога ја истакнаа сличноста меѓу него и Португалецот. .

,,Не сакав жени, немојте така ви се молам. Мене ме биеше гласот дека сум бил женкар, но …