(ФОТО) Позади херојот на Македонија стои преубава србинка – Ова е сопругата на човекот кој за зави Италија во црно!

Loading

Целиот свет се уште бруи за спектакуларната и сензационална победа на Македонија над Италија во полуфиналето од баражот за СП во Катар.

Голот на одлука во втората минута од продолжението го постигна Александар Трајковски, кој да биде поироничен и пошокантен за Италијанците, во последните три години само двапати погоди за клубот и тоа во купот.

Благодарение на него, „азурите“ вторпат по ред ќе го гледаат Мундијалот на ТВ екраните.

И што е најлудо, популарниот „Трајче“ го постигна последниот првенствен гол во клупскиот дрес на стадионот Ренцо Барбера пред 1.050 дена!

Тој беше стрелец за Палермо во мај 2019 година на мечот со Цитаделија, а тоа беше последниот гол на клубот, кој потоа престана да постои.

Честитки пристигнуваа од сите страни, а секако една од најомилените дојде од неговата сопруга Александра, која има српско потекло.

“Вечерва Македонија е горда! Вечерва секој човек што те познава е горд. А јас … горда сум кога губиш и кога победуваш! Ти благодарам за овој момент, ти благодарам за овие солзи радосници, ти благодарам што секогаш размислуваш за нас! Ти благодарам што секогаш ме правиш најгорда жена! Те сакам“, напиша воодушевената Александра.

Александар Трајковски потоа се пресели во Мајорка, па беше позајмен во Алборг, за кариерата да ја продолжи во Ал Фахја од Саудиска Арабија.