(ФОТО) Ова не е Њукасл! – Новите дресови не личат на претходните, навивачите во шок!

Loading

Фудбалскиот клуб Њукасл ја претстави третата гарнитура дресови, кои се зелено-бели, во боите на Саудиска Арабија.

Дресот неодоливо потсетува на опремата на фудбалската репрезентација на таа земја.

Овој потег на англискиот клуб не е изненадување со оглед на тоа што на крајот на минатата година, Фондот за јавни инвестиции (ПИФ) на Саудиска Арабија ја презеде сопственоста на членот од Премиер лигата.

Зад проектот стои принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, па така Њукасл стана клуб со најбогатите газди во светот.

Навивачите на Њукасл, чии основни бои се црно-белите, на социјалните мрежи изразија незадоволство од одлуката на управата третата гарнитура на дресови да биде во боите на Саудиска Арабија.

Сепак, клубот брзо распродаде дополнителен контингент на сезонски билети…