„Силно е новото убаво“ („Strong is the new beautiful“) е насловот на книгата која американската скијачка Линдзи Вон на оригинален начин ја промовираше.
Триесет и едногодишната спортистка на „Инстаграм“ објави гола фотографија од себе, на која позира само со скијачки стапови во раце.
„Конечно е овде. По година и половина напорна работа и голем личен развој, утре мојата книга и официјално ќе биде промовирана.
,,Ми беа потребни 31 година за конечно да бидам самоуверена во своето тело и во она што сум и едвај чекам да го споделам тоа со вас“.
Во книгата Вон дава совети за жените што да јадат за телата да им изгледаат подобро.
Исто така има и совети како да се однесуваат и да ја кренат својата самодоверба.
Официјалната промоција на книгата е утре во Њујорк.