Во петокот во Нион беше одржана ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите за оваа сезона.
Најинтересно ќе биде во дуелите меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен, како и Реал Мадрид и Челзи, но изобилство ќе има и на преостанатите дуели помеѓу Милан и Наполи, како и Бенфика и Интер.
Веќе започнаа шпекулациите за тоа кој би можел да ја освои Лигата на шампионите, а „FiveThirtyEight“ анализираше кој има најголеми шанси да го освои престижниот пехар.
Според нив, тоа е Манчестер Сити на Гвардиола, кому му се даваат 28% шанси за првпат да стане европски шампион, а веднаш зад „Граѓаните“ со 18% е нивниот четвртфинален ривал Баерн Минхен.
Every team's chances of winning the Champions League, according to @FiveThirtyEight 🏆 pic.twitter.com/lFXyKrFMxb
— ESPN FC (@ESPNFC) March 17, 2023
Она што е интересно е дека Наполи е на третото место со 17%, додека бранителот на титулата Реал Мадрид е само на четвртата позиција со 13% од шансите за освојување на Лигата на шампиони.
Бенфика оваа сезона игра одлично во сите натпреварувања, па моментално е петти најголем фаворит во елитното натпреварување со 10% шанси, додека Интер е шести со 6%.
Најмали шанси за освојување на Лигата на шампионите имаат Челзи (5%) и Милан со (3%).
За потсетување, првите мечеви од четвртфиналето се закажани за 11 и 12 април, а реваншите се закажани за 18 и 19 април.