(ФОТО) Камерата го фати братот на Никола Јокиќ во незгоден момент – Што правиш човеку?!

Loading

МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ ги помести границите во најсилната кошаркарска НБА лига!

фото: Profimedia

Српскиот центар имаше 35 поени и 16 скока, а освен тоа забележа и 6 асистенции во победата над Мемфис, што значи дека испадна историски меч.

Тој собра 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции оваа сезона, а ниту еден играч не го сторил тоа од 1946 година.

Неговата блескава забава ја следеше неговото семејство, а во центарот на вниманието беше неговиот најстар брат Страхиња.

Тој „испука“ селфи кога неговиот брат го постигна овој успех и се обиде да го долови Никола кој се појави на огромниот екран во арената.

Најстариот брат на Јокиќ набрзо стана хит на интернет….