ФОТО: Како ќе изгледа новиот стадион на Динамо Загреб – Легендарниот Максимир во ново рубо и светски изглед!

Фудбалскиот клуб Динамо од Загреб добива нов дом, а граѓаните на Загреб го објавија генералниот изглед на новиот стадион.

Истиот треба да биде завршен за три години, а виртуелниот изглед на новиот Максимир го направи загрепскиот архитект Ото Бариќ.

Цената на стадионот е 60 милиони евра и кој ќе има капацитет од 34.000 места.

“Во моментите кога нашите играчи пишуваат нови вечни поглавја на познатиот Динамо, за прв пат ја презентираме идејата и визијата за тоа како мислиме дека треба да изгледа нашиот дом! Врз основа на материјалите направени од клубот и во согласност со стандардите на УЕФА, визуелниот изглед на стадионот Максимир го направи познатиот загрепски архитект Ото Бариќ, со неговите партнери од специјализираната компанија „Полимашин“ кои идејата и визијата ги претворија во овие фотографии.

Новиот стадион на Динамо Загреб вклучува:

  • – 34.000 покриени места
  • – 3000 ВИП места
  • – врвно гостопримство
  • – центар за медиуми
  • – обезбедено сместување за гледачи со попреченост и уште повеќе.

Ние сакаме да учествуваме во изградбата на новиот стадион заедно со стратешки партнер во проектот – Градот Загреб. Ги покануваме сите навивачи на Динамо да го поддржат нашиот стремеж за започнување активности кои сигурно ќе го подигнат клубот на повисоко ниво и ќе го направат уште подобар преку архитектонски тендер, избор на идеен дизајн и развој на проект, овозможувајќи прифатлив модел на финансирање и конечно градење на модерен дом на Динамо, на гордост на хрватскиот фудбал!

Загреб, Динамо и сите негови навивачи го заслужија тоа “, објави Динамо.