(ФОТО) Италијанецот се смрзна кога во неговата продавница влезе Џордан – Еве што барал од него!

Во Европа летово одмoра и најголемиот кошаркар во историјата Мајкл Џордан, поточно, во Италија.

Таму влегол во продавница за томпус и го оставил продавачот целосно без зборови. Веднаш по средбата тој го зеде телефонот и на социјалната мрежа „Твитер“ ја раскажа сцената.

„Здраво момци, јас се викам Лука и управувам со продавницата Casa Del Havano во Милано. Денеска во продавницата влезе висок човек и ме праша дали имам некакви пури. Го погледнав подобро и разбрав. Моите нозе се тресат. Денеска го послужив Мајкл Џордан!“

Минатото лето Џордан беше виден во Хрватска каде пристигна со јахта долга 95 метри.

Овој јули тој се врати во овој дел од светот во потрага по добри пури, бидејќи е познат по тоа што е голем љубител на томпусот.

 

(Видео+Фото) Џордан пред 35 години играше против Ц.Ѕвезда, а нивното лого го чуваше во студентската соба!