(ФОТО) Ги носеше девет години, а сега заминуваат во историја – Овие фамозните копачки му се распаднаа во финалето на ЛШ!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос го носи истиот модел на копачки од далечната 2013 година.

фото: Profimedia

Копачките на Крос во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул привлекоа големо внимание кај фудбалските фанови.

Фудбалските копачки беа искинати и едвај издржаа до крајот на натпреварот, па Германецот беше принуден да ги замени по девет години, што можеше да се види неодамна во финалето на Суперкупот против Ајнтрахт.

Среќа на германскиот фудбалер му донесе моделот на Адидас „Aidpure 11pro“, во кој освои се што можеше да се освои – Светско првенство, пет титули во Лигата на шампионите и бројни трофеи во Шпанија.

фото: Profimedia

Затоа и не чуди што побарал сега да му ги направат истите. Имено, овој модел престана да се произведува во 2014 година, но Адидас излезе да го запознае Крос и специјално за него направи нови идентични копачки, пренесуваат странските медиуми.

Да потсетиме, Крос пред една година во интервју за „Goal“ откри колку е приврзан за овие копачки.

,,Тоа е навистина посебно. Не сум видел друг играч кој ги чисти копачките секој ден и ги подготвува како мене. За мене копачките се најважното нешто на теренот. Едноставно се чувствувам удобно во овие копачки. Мислам дека тоа е од бојата и материјалот“, вели Крос и додава…

„Сега секој месец или два ги менуваат боите, материјалот… За многу играчи тоа не е проблем, им даваат нови копачки и утредента играат во нив. Јас сум малку поинаков, морам да се чувствувам многу удобно во нив“.

Крос во разговорот откри зошто се заљубил во овој модел.

„Почнав да играм во нив пред осум години. Тие се совршени за мене. Тие се бели, јас сакам бело, материјалот е совршен, не сакам други. Зелените, црвените, не ми се омилени. Добро се грижам за нив, ги подготвувам пред секој тренинг, ги чистам потоа за да бидат спремни за следниот ден… Не сум видел ниту еден играч да го направи тоа“, искрено изјави Германецот.

Ако е внимателен со новите копачки колку што беше со старите, нема сомнеж дека ќе ги носи до крајот на кариерата.