ФОТО: ФФМ се поднови со нов брендиран автобус за сениорската репрезентација – Еве како изгледа!

Фудбалската федерација на Македонија на својата Фејсбук страница се пофали со новиот брендиран автобус со кој ќе се превезува фудбалската репрезентација.

Ова е прв пат од постоењето македонскиот национален тим да се вози во брендиран автобус.

Автобусот е со црвена-жолта боја и на него е испишан слоганот кој ФФМ го промовира пред селекцијата да се пласира на ЕП, „Сега е наше време.“

На возилото доминира црвената боја со апликација од рисот насликан со жолта боја…