(ФОТО) ЕВРО 2024: Ја претставуваме Групата А каде се Германија, Швајцарија, Унгарија и Шкотска

Loading

Германија, домаќинот на УЕФА ЕВРО 2024, веројатно ја имаше најповолната ждрепка во групната фаза и секако е фаворит за освојување на првото место во групата „А“.

Унгарија, Швајцарија и Шкотска се подеднакво квалитетни и меѓу нив ќе има голема борба за преостанатите две места кои водат во осминафиналето.

И покрај разочарувачките игри на последните две големи натпреварувања (ЕВРО 2020 што се играше во 2021 година и СП 2022), и покрај промената на тренерот поради бројните порази во 2023 година, новиот тренер на ,,панцирите,, Јулијан Нагелсман создава нов тим во кој Флоријан Вирц, младиот ас на Баер од Леверкузен и секако најдобар играч оваа сезона, ја има слободата која му ја даде Чаби Алонсо во клубот.

Својот екстра квалитет го спои со големите можности на Џамал ​​Мусијала, а го додаде и искуството на Илкај Гундоган, Тони Крос, Антонио Ридигер, Џошуа Кимих, голманот Тер Штеген и Нојер, а улогата на „џокер“ ја има сеуште најдобриот стрелец од оваа генерација, Томас Милер.

Пласманот во осминафиналето не би требало да биде проблем за Германците, иако во последните две изданија на Лигата на нации на УЕФА, на два меча не успеаја да ги победат ниту Швајцарија, ниту Унгарија, додека Шкотите им се „муштерии“ во овој век.

Одиграа со Швајцарија 1:1 и 3:3, со Унгарија 1:1 и загубија со 0:1. На претходното ЕВРО беа во иста група со избраниците на Марко Роси и одиграа 2:2. Унгарците двапати водеа, а со реми го завршија натпреварувањето, додека Германците беа втори.

Швајцарија стана фудбалска константа, во овој век пропуштија само три натпреварувања: ЕУРО 2000 и 2012 година и СП 2002 година.

Една континуирана работа во помладите категории им дава стабилност во репрезентацијата. Некогаш играат подобро, некогаш полошо, но ретко разочарувачки, па селекторот Мурат Јакин за ЕВРО 2024 може да се надева дека ќе стигне до осминафиналето, па дури и меѓу осумте, како во Англија пред три години.

Голманот Зомер, Аканџи, Шар, Родригез, Закарија, Џака, Шаќири, Фројлер, Ијбишер, Емболо, Окафор, Харис Сеферовиќ даваат „мирис и вкус“ на играта на Швајцарија.

Унгарија се врати на европската мапа, врза три ЕП во низа и планот на селекторот Марко Роси е да направи пробив и да се пласира во четврт-финалето.

Играат цврсто, дисциплинирано, брзо, тонот го дава Доминик Собослај, најскапиот унгарски играч на сите времиња, но Роси ги има своите 25 играчи во кои има голема доверба.

Закрепнувањето на голманот Гулаши, како и на командантот на одбраната Вили Орбан, значи многу за стабилноста на тимот.

Гледајќи ги резултатите, квалитетот на тимот, Шкотска на хартија е за нијанса послаба од конкурентите и влегува како хартиен аутсајдер.

Во меѓувреме, селекторот Стив Кларк создаде препознатлива игра, без преголема убавина, но „воин“ како во играчите да бие „Храбро срце“.

Капитенот Ендрју Робертсон и Скот Мектоминај, фудбалери на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, се најпознатите имиња, но Кирон Тирни (Сосиедад), Џон Мекгин (Астон Вила), Били Гилмор (Брајтон) и Луис Фергусон одиграа брилијантно оваа сезона во Болоња. Тие секако можат да изненадат … но ќе видиме..!

Распоред на натпревари – Група А

1. коло – 14 јуни
Германија – Шкотска – 21.00 часот (Минхен)

15 јуни
Унгарија – Швајцарија – 15.00 часот (Келн)

2. коло – 19 јуни
Германија – Унгарија – 18.00 часот (Штутгарт)
Шкотска – Швајцарија – 21.00 часот (Келн)

3. коло – 23 јуни
Швајцарија – Германија – 21.00 часот (Франкфурт)
Шкотска – Унгарија – 21.00 часот (Штутгарт)

Standings provided by Sofascore