Анамарија Голтес, атрактивната девојка на Лука Дончиќ во живо го следеше Ол-стар натпреварот во Кливленд.
Долгогодишниот избор на младиот ас на Далас привлече големо внимание со одличниот стајлинг.
Згодната манекенка носеше јакна со бројот 77 и презимето на капата (Дончиќ), а на ракавот го имаше знамето на Словенија и грбот на Далас Маверикс.
Сакото беше оригинално, посебно, но нејзините панталони и понатаму беа во центарот на вниманието. Имено, Анамарија носела тесни кожни панталони во кои до израз бил нејзиниот совршен задник.
Нејзините следбеници на социјалните мрежи беа воодушевени од стајлингот.
– Лука победува на теренот и надвор од него“, е еден од коментарите.
Да потсетиме, Лука и Анамарија се во долгогодишна врска. Се познаваат уште од детството, се запознале на летен одмор на 12 години, а неколку години подоцна запловиле во љубовните води.
Анамарија дипломирала економија и долго време успешно се занимава со манекенство.