(ВИДЕО) Беше голема надеж на Јунајтед, а Фергусон никогаш не видел поталентиран од него!

Loading

Легендарниот Алекс Фергусон, веруваше дека во помладите категории на Манчестер Јунајтед созрева играч кој ќе доминира во светскиот фудбал.

Според Фергусон, некогаш многу надеж полагаше во Равел Морисон кој бил најталентираниот играч што го видел во клубот, но тоа не било доволно …

Денеска неговата кариера е на маргините, а во меѓувреме стана и сениорски репрезентативец на Јамајка.

Слободниот удар во репрезентативниот дрес покажува дека се уште има магија во неговите нозе, иако не ги оправда големите очекувања.

Фудбалерот кој претходната сезона ја мина во Дерби Каунти постигна маестрален гол од околу триесетина метри.

Голманот беше целосно немоќен бидејќи Морисон шутираше брилијантно. Тоа беше еден од трите гола на Јамајка на натпреварот против Суринам, кој заврши со триумф (3:1).

Инаку, ова му беше втор гол за репрезентацијата чиј член е од 2020 година. Тогаш му стана јасно дека никогаш нема да го облече дресот на Англија и дека можеби ќе треба да најде репрезентација во која ќе има повеќе можности да игра.

Што се однесува до клупската кариера, тој порасна во Манчестер Јунајтед, а подоцна го носеше дресот на Вест Хем, Бирмингем, Квинс Парк, Кардиф, Лацио, Атлас, Остерсунд, Шефилд Јунајтед, Мидлсброу, АДО Хаг …

Погледнете го неговиот гол: