Британскиот боксер и актуелен светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури се откажа од шампионските титули во верзиите на WBO и WBA.
Контроверзниот Ирец на ваков чекор се реши откако беше позитивен на кокаин.
Фјури пател од депресија и поради тоа земал кокаин, а откако скандалот беше откриен, на тој напиша дека размислувал и за самоубиство.
Ирецот минатата година го победи Владимир Кличко и стана апсолутен шампион во тешка категорија, два пати се повлекуваше од реваншот со украинскиот боксер поради повреди.
Тој по скандалот решил да ги врати шампионските појаси со надеж дека кога ментално и физички ќе закрепне ќе може повторно да се бори за нив.
Неговиот вујко и тренер, Питер Фјури, рекол дека Тајсон ќе се врати во рингот и дека ќе ги врати титулите тамо каде им е местото.
Во меѓувреме, светските медиуми, објавија дека за титулите ќе се борат Ентони Џошуа и Владимир Кличко, но официјален договор сеуште нема.