Барселона веќе ги подготви документите за предвремена регистрација на Арда Туран, но ФИФА одби да го регистира фудбалерот сé додека трае суспензијата на Барселона, поради малверзации во трансферите на млади фудбалери каде од ФИФА доби едногодишна суспензија, која истекува во јануари наредната година.
Поради повредата на Рафиња, Каталонците сметаа дека се создадени услови да регистрираат нов фудбалер, но ФИФА го одби барањето.
Барселона во летниот преоден рок ги купи Арда Туран од Атлетико Мадрид и Алеш Видал од Севиља, кој со право на настап ќе се стекнат на почетокот на 2016 година.
Шпанската фудбалска федерација сепак позитивно одговори на барањето од Барселона, кое подоцна ФИФА категорично го одби.
Рафиња ги скина вкрстените лигаменти во десното колено на мечот со Рома во Лигата на шампионите и поради таа повреда за него оваа сезона е завршена.