Фудбалот засекогаш ќе се промени од следната сезона!
Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), кој заедно со ФИФА носи одлуки за промени на фудбалските правила, донесе одлука по која нема враќање назад.
Од сезоната 2022/23, пет промени ќе станат официјално фудбалско правило, кога Меѓународниот одбор ќе се состане во понеделник во Доха!
Оваа вест ја пренесува британски „BBC“, кој наведува дека правилото воведено во текот на мај 2020 година, поради пандемијата на корона вирусот, ќе стане дел од официјалните Правила на играта.
Ќе продолжи да се спроведува по дискреција на организаторите на натпреварувањето, но сега ќе има многу помали шанси фудбалските лиги да изберат да останат на старото правило дека секој тим може да замени по тројца играчи за време на натпреварот.
Во иднина, како што стојат работите, на сите големи натпреварувања ќе важи правилото за пет измени кои можат да се направат во три интервали, не сметајќи го полувремето. Шестата измена ќе биде можна за време на продолженијата.
Најголемото натпреварување кое досега не го користеше ова правило беше Премиер лигата каде англиските клубови се пожалија дека најбогатите тимови ќе имаат неправедна предност поради квалитетните екипи.
Но, и Премиер лигата ќе го користи правилото за пет измени од сезоната 2022/23.
ФИФА, инаку, планира да тестира и други одредени нови правила, а тоа што најмногу се споменува е полувремето од 30 минути, но со прекин на времето кога топката е надвор од игра …