Кошаркарите на Фенербахче и Лаборал Куча се пласираа на фајнл-фор турнирот во кошаркарската Евролига.
И двата тима четвртфиналната серија против Реал Мардрид и Панатинаикос ја завршија во минимални три средби со 3-0 во победи.
Турскиот тим, во Мадрид, славеше со 75:63, за максимална победа во серијата. Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ по 15-ти пат ќе игра на завршниот турнир, а во Берлин ќе се обиде да ја освои деветтата европска титула.
Перо Антиќ мечот во Мадрид го заврши со 4 поени и 8 скокови, а Антиќ по трет пат ќе учествува на завршниот турнир, на претходните два ја освојуваше титулата со Олимпијакос.
Фенербахче во полуфиналето ќе игра против Лаборал Куча кои исто така со 3-0 го елиминираше Панатинаикос, а последниот го доби со 84:75 во Aтина.
Тимот од Баскија по пауза од 8 години повторно ќе игра на Фајнал Фоур турнирот.
Остана уште едно празно место за комплетирање на големата четворка во Берлин, а блиску до пласман таму е и Барселона која поведе со 2-1 во серијата против Локомотив Кубан, откако третиот меч го доби со 82:70.
Реал Мадрид нема да ја брани титулата во Евролигата, откако беше поразен од Фенербахче.