Федерер го прекина молкот за војната во Украина – Се огласи и испрати моќна порака!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се појави на социјалните мрежи по повод војната во Украина.

федерер

Федерер на својот Твитер профил најави помош за децата од Украина.

 ,,Јас и моето семејство сме згрозени од сликите што ги гледаме од Украина и нашите срца се скршени поради невините луѓе кои се погодени од сето ова. Ние се залагаме за мир. Сакаме да им помогнеме на децата во Украина на кои им е потребна грижа, околу шест милиони деца во Украина моментално не се на училиште и знаеме дека ова е критично време да постои за пристап до образованието и сакаме да ги поддржиме да се справат со ова исклучително трауматично искуство.

,, Преку Фондацијата Роџер Федерер, сакаме да продолжиме да ја поддржуваме „War Child Holland“ со донација од 500.000 долари за да се постигне пристап до континуирано образование за децата од Украина, напиша Швајцарецот.