Најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ и официјално го потврди распоредот за сезоната на земјени терени.
Тој ќе ги одигра сите клучни турнири пред Ролан Гарос, што секако е вест која ги израдува неговите фанови.
Како што е наведено на неговиот официјален сајт, Новак ќе настапи на Мастерсот 1000 во Монте Карло, Мадрид и Рим, што значи дека ќе има можност целосно да влезе во натпреварувачки ритам преку силни турнири пред вториот Грен слем во сезоната.
Оваа потврда доаѓа токму на денот кога беше објавено дека Новак ќе учествува на Мастерсот во Мадрид, со што ќе го комплетира распоредот на земјени терени.
Џоковиќ на тој начин ќе игра на сите три големи турнири на оваа подлога пред Ролан Гарос, каде што ќе ја брка 25-тата Грен слем титула во кариерата.