Фановите мораат да знаат – Близок пријател на Шумахер откри нови детали за состојбата на Ф1 легендата!

Loading

Од неговата несреќа, Михаел Шумахер не го посетиле многу луѓе, освен неговото семејство.

Еден од ретките на кои им е дозволено да го видат е неговиот пријател Жан Тод, кој за германските медиуми откри нови детали за состојбата на легендата на Формула 1.

Шумахер имаше тешка несреќа на скијање во 2013 година. Тој поминал девет месеци во болница, по што бил пуштен на домашно лекување.

Оттогаш семејството во најстрога тајност ги чува информациите за неговата состојба, а само повремено излегува нешто ново во јавноста.

Легендарниот Формула 1 возач ја добива најдобрата нега дома, откри неговиот пријател поранешниот директор на Ферари, Жан Тод, но тој и понатаму е во тешка состојба.

,,Среќен сум што навивачите, не само во Германија, мислат толку за него. Луѓето прашуваат многу за Мајкл. Навивачите треба да знаат дека тој е во најдобри раце. Тој е во најдобрата ситуација која што може да биде и опкружен е со луѓе кои го сакаат – изјави Тод.

Тој го посетува својот пријател двапати месечно и како што откри, со него гледа Формула 1, во која сега се натпреварува синот на Шумахер, Мик.

Тод е еден од ретките луѓе надвор од портата кој може да го посети легендарниот ас.

,,Бидејќи ја познавам Корина, ја контактирав и прашав дали можам да дојдам да го видам Шумахер. Добив негативен одговор. Таа ми кажа дека никој не може да го види освен најблиските членови на семејството.

И Еди Џордан, поранешен сопственик на Формула 1 тим, неодамна со својата приказна ги потврди ваквите наводи.

шумахер1