Британецот Енди Мареј ја освои Мастерс титулата 1000 што се одржи во Рим, откако во финалето го совлада првиот светски играч, и бранител на трофејот Новак Џоковиќ со 6:3, 6:3.
Мареј, во Рим, ја забележа втората победа над Џоковиќ во последните 14 дуели и на својот 29-ти роденден ја освои титулата.
Британецот ја забележа 10-та победа во 33-от дуел со Џоковиќ. Тој во финалето, одигра одличен меч, доминираше на теренот, максимално користејќи го заморот кај Џоковиќ, кој имаше напорни мечеви со Надал и Нишикори во претходните два рунди.
Ова е прва титула за Мареј во во 2016 година и му се реваншира на Џоковиќ за поразот на Мастерсот во Мадрид минатата недела и воедно се врати на второто место на АТП листата.
Кај дамите до титулата стигна американката серена вилијамс која во финалето ја победи својата сонародничка Медисон кис со 2-0 во сетови 7-6 и 6-2.
Најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе имаат една недела одмор, а потоа следува вториот тениски гренслем во сезоната, Ролан Гарос што ќе се игра на терените во Париз.