Дресот на Меси со број 30 на ПСЖ се распродаде како алва – Колку заработи клубот, а колку Џордан?

Loading

Најдобриот кошаркар на сите времиња – Мајкл Џордан – беше особено среќен со доаѓањето на Меси во Пари Сен Жермен.

Верувале или не, Јордан заработи невидено богатство благодарение на Аргентинецот за само еден викенд.

Трансферот на еден од најдобрите фудбалери во светот одекна како никогаш досега. Навивачите на ПСЖ се во транс, владее општа лудост за новиот дрес на славниот фудбалер.

Веднаш по официјалната објава дека Меси е новиот играч на Париз, ПСЖ пушти во продажба 150 илјади дресови со неговото име и бројот 30, а тие беа распродадени за само седум минути!

Практично за еден викенд се продадоа дресови во вредност од 120 милиони евра. Пари Сен Жермен поседува 10% од таа бројка, што значи дека тие веќе заработиле 12 милиони евра!

Сериозна сума пари оди и на банкарската сметка на Мајкл Џордан. Имено, брендот на Јордан „Ер Џордан“ се наоѓа на дресовите на францускиот клуб и според договорот, поранешниот кошаркар има 5% од продажбата.

Така Џордан веќе има шест милиони евра благодарение на Меси. Се уште се очекува напад на дресовите на ПСЖ, па така заработката на клубот и Џордан ќе биде уште поголема.