Тимот на Јурген Клоп, Борусија Дортмунд се пласираше во финалето на германскиот Куп, откако во полуфиналето го елиминираше големиот ривал Баерн Минхен по подобро изведување на пеналите.
Натпреварот по 120 минути на „Алијанц арена“ беше 1:1. Левандовски во 30.минута погоди за предност на баварците, а во второто полувреме по 65 минута и влегувањето на Михтаријан, Дортмунд израмни на 1-1.
Ерменскиот репрезентативец нафрли, а Обамејанг го совлада Ноер. Во последните десет минути Ноер два пати го спречи Ројс да го реши натпреварот, додека во продолжението Швајнштајгер имаше две изгледни шанси но не успеа да погоди.
Во пенал серијата голови постигнаа само Гундоган и Кел, додека четворица играчи на Баерн не реализира Лам, Чаби Алонсо, Геце и Ноер, за Борусија пенал не реализираше и Хумелс.
Нова повреда заработи Робен, кој пропушти 7 натпревари и се врати во тимот. Влезе во игра во 68.минута но само 15 минути подоцна замина во соблакувалната.
Борусија Дортмунд во финалето, кое се игра на 30.мај во Берлин, ќе игра против победникот од полуфиналето помеѓу Арминија Билефелд и Волфсбург кои играат вечерва.