Ракометарите на Данска се старо-нови светски шампиони, бидејќи во финалето ја совладаа Франција со 34:29 (16-15).
„Викинзите“ остварија хет-трик и со тоа станаа првата селекција во светот која успеала да врзе три титули по ред бидејќи се владетели на светот од 2019 година.
Данска до победата ја предводеа Лауге со 10 гола, Питлик со 9 и Жизел со 6 гола. За Франција се истакна Ремили која постигна 6, Мем додаде 5, а Ричардсон 4 гола.
Данците беа подобри во текот на целиот натпревар, Франција во ниту еден момент не водеше, на двапати имаше реми, но во финишот зачестија нивните грешки и потклекнаа во клучните моменти.
Па мора да се признае дека трофејот беше заслужен за Данците.
Бронзата ја освои Шпанија, откако со 39-36 ја победи Шведска.
Следниот ракометен Мундијал ќе се игра во 2025 година, а домаќини ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка.