Дојде и тоа време – Тренерот на европскиот шампион да мисли само на Македонија!

Loading

Селекторот на фудбалска Италија, Роберто Манчини е голем оптимист за шансите да се пласира на Мундијалот 2022 во Катар.

Европскиот шампион Италија заврши на второто место во квалификациите зад Швајцарија, а ждребот сакаше во полуфиналниот бараж да играат против нашата репрезентација.

„Успеавме да направиме нешто несекојдневно, усреќивме милиони луѓе. Горди сме на триумфот на Еуро 2020. Но, Европското е сега зад нас и треба да размислуваме на нешто друго и да одиграме добро во баражот. Мислев дека ќе бидеме први, доминиравме и на натпреварот во Базел, но таков е фудбалот, добро што се уште имаме шанси да одиме во Катар. Ќе направиме се за да ја искористиме оваа шанса“, изјави Манчини.

Во историскиот бараж за пласман на СП, Македонија и гостува на Италија, а доколку се случи да ги елиминираме, тогаш во финалниот меч за пласман на Мундијалот ќе играме против подобриот од дуелот Португалија-Турција.

Дуелот се игра на 24 март на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, Италија.