Џоковиќ ја презеде титулата од Мареј на АТП 1000 турнирот во Мадрид за рекорден 29-ти мастерс

Loading

Новак Џоковиќ и Симона Халеп ги освоија пехарите на АТП И ВТА тенискиот мастер 1000 што се одржа во Мадрид.

nole madrid

Кај мажите во финалето Џоковиќ славеше над Енди Мареј со 2:1 во сетови 6:2, 3:6, 6:3. Па  така Џоковиќ, ја презеде титулата во Мадрид токму од Мареј и ја освои рекордната 29-та Мастерс титула и повторно е сам на врвот на вечната листа.

Српскиот тенисер се израмни на вечната листа со Пит Сампрас и Бјерн Борг, тројцата имаат по 64 титули.

Џоковиќ, сега води во меѓусебните дуели со Мареј на 23-9, на земјена подлога резултатот е 4-0, а Ноле добил 12 од последните 13 мечеви.

Мареј беше далеку од своето најдобро ниво во првиот сет, со лошата игра му овозможи на Џоковиќ лесно да го добие првиот сет со 6:2.

nole madrid2 nole madrid1

Вториот сет започна со израмнета игра, а Џоковиќ го загуби сервисот во четвртиот гем. Брејкот Мареј не го испушти до крајот, бидејќи во тие моменти проработе неговиот сервис  за 3:6.

Третиот сет започна со брејк на Џоковиќ и водство од 2:0, но Мареј се врати и израмни на 2:2. Потоа Србинот повторно направи брејк за 4:2, а вистинска драма се случуваше во деветтиот гем кога Џоковиќ сервираше за победа.

Мареј имаше 0:40, Џоковиќ успеа да израмни, а до крајот на решавачкиот гем, Мареј не искористи уште четири брејк топки, што Џоковиќ ја искористи третата меч топка и ја претвори во победа за втора титула на Мастерсот во Мадрид во неговата кариера.

Mutua Madrid Open - Day Eight

Кај дамите Симона Халеп од романија ја победи доминика цибулкова со 2-0 во сетови 6-2 и 6-4 и стигна до својот прв мастерс во 2016 година.