Денеска Пеле слави јубилеј – Еве колку години полни славната бразилска и светска фудбалска легенда!

Loading

ЕДЕН од најдобрите фудбалери на сите времиња денес го слави својот 80-ти роденден.

Пеле имаше здравствени проблеми во последните неколку години и роденденот го минува дома како мерка за заштита од коронавирус.

„Добро сум, само што нема да можам да играм фудбал на мојот роденден“, се смееше Пеле на почетокот на оваа недела во видео интервју со врвот на Бразилската фудбалска федерација.

Пеле е единствениот фудбалер во историјата кој бил трикратен светски шампион. Тој го предводеше Бразил до титулите во 1958, 1962 и 1970 година.

Скоро целата своја клупска кариера ја помина во Сантос, дури 18 години, и со тој клуб освои шест шампионски титули во Бразил и две Копа Либертадорес.

Последните две сезони ги помина во САД играјќи за Њујорк Космос. Во 2000 година, ФИФА го прогласи за најдобар играч на 20-от век.

Неговото здравје не беше добро последните години. Во декември 2017 година, на ждрепката за групата на Светското првенство во Москва, тој се појави во инвалидска количка, а еден месец подоцна заврши во болница поради исцрпеност.

Минатата година беше хоспитализиран поради воспаление на уринарниот систем, по што му беа отстранети камења од бубрегот. Во февруари годинава, неговиот син Едињо изјави дека Пеле не може да оди самостојно, што му го припишува на недостаток на рехабилитација по операцијата на колкот пред осум години.

И покрај сè, тие велат дека заразната насмевка сè уште не му паѓа од лицето.

Во Бразил се најавени бројни настани по повод 80-от роденден на легендата, како што се изложби и мурални слики.

Пеле на социјалните мрежи започна да добива честитки од своите сонародници пред неколку дена.

“Благодарам Бразил и на сите Бразилци, секогаш сум бил среќен кога носев бразилски дрес. Ви благодарам на сите за вашите топли роденденски желби”, напиша Пеле.

 

View this post on Instagram

 

Eu era apenas um garoto. Um garoto com um sonho. Quando vi meu pai chorar, pela derrota do Brasil na Copa do Mundo de 1950, eu prometi para o seu Dondinho que iria levar esse troféu para casa. Cheguei na Seleção com 16 anos, e com essa ideia fixa na cabeça. Representar o Brasil sempre foi minha obsessão. Em 1958, sofri uma lesão no joelho, mas mesmo assim, a possibilidade de não realizar o meu sonho doeria muito mais que este pequeno problema. Conseguimos, juntos, conquistar essa vitória inédita para o país. Eu tinha apenas 17 anos e 249 dias, quando pude ajudar com dois gols, na vitória por 5 a 2 contra a Suécia, em Estocolmo. Fui o jogador mais jovem a disputar uma final de Copa do Mundo. E foi nessa Copa do Mundo que a tal “camisa 10” mudou minha vida. Depois de 1958, ainda fui abençoado com mais três Copas do Mundo, e pude levantar o troféu mais duas vezes. A Seleção Brasileira me ensinou que sonhos nunca morrem e que perseverar é o segredo para se manter no topo. Obrigado, Brasil. Foi um prazer vestir essa camisa por tanto tempo. Deus foi bom para mim. // 

I was just a boy. A boy with a dream. When I saw my father cry, for the defeat of Brazil in the 1950 World Cup, I promised to Dondinho that I would take this trophy home. I joined the national team when I was 16, and with that idea fixed in my head. Representing Brazil has always been my obsession. In 1958, I suffered a knee injury, but even so, the possibility of not making my dream come true would hurt much more than this little problem. Together, we managed to achieve this unprecedented victory for Brazil. I was only 17 years old and 249 days old, when I was able to help with two goals, in the 5-2 victory against Sweden in Stockholm. I was the youngest player to play in a World Cup final. In fact, it was at this World Cup that the “shirt 10” changed my life. After 1958, I was still blessed with three more World Cups, and I was able to lift the trophy two more times. The Brazilian team taught me that dreams never die and that persevering is the secret to staying on top. Thanks Brazil. It was a pleasure to wear this shirt for so long. God was good to me. #Pele10x8

A post shared by Pelé (@pele) on