Лестер Сити од никаде дојде и ја освои шампионската титула во Англија во сезоната 2015/16.
Но, сега нешто слично може да се случи и во Шпанија каде Жирона игра неверојатно. Многумина ги отпишаа и пред сезоната, особено кога си замина Ориол Ромеу.
Но малиот клуб од Каталонија не се откажува и дава отпор и покрај сите прогнози дека во одреден момент ќе „паднат“.
Така остварија неверојатна победа над Атлетико Мадрид со голот на Иван Мартин во судиското надополнување за победа од 4:3.
Со новите три бода Жирона и Реал Мадрид се изедначени на половина од сезоната во Ла Лига. И двата тима имаат идентичен учинок од 48 бода (15 победи, три нерешени и еден пораз).
Сепак, добро знаеме колку е поскап и поквалитетен Реал Мадрид. Па резултатот на Жирона е светска сензација, на исто ниво како и Лестер.
Ќе видиме дали Каталонците ќе продолжат да го сонуваат својот сон во иднина и дали е можно да издржат до крај против Реал Мадрид, но ќе им треба и малку среќа.