Чави Ернандез нарача офанзивен играч и Барса бара начин тоа да му го исполни.
Каталонските медиуми повторно посочуваат дека на мета се Рахим Стерлинг и Дани Олмо, како напаѓачи кои можат да играат по крилните позиции, но и во средината. Сепак, од денеска има уште едно име – Феран Торес.
Барса е свесна дека ќе биде тешко да купи некој од нив, па реална опција е напаѓачот да дојде на позајмица до крајот на сезоната.
Сепак, Сити и РБ Лајпциг не се лесни за преговарање и затоа нема да биде лесно да се донесе ниту еден од нив.
Проблем се и големите плати во Сити, Олмо е поевтин, но Лајпциг бара 70 милиони евра и тоа само на лето.
Сепак, каталонските медиуми тврдат дека сигурно ќе пристигне еден напаѓач и дека Жоан Лапорта тоа му го ветил на Чави.