Дани Алвес ова лето и дефинитивно ќе го напушти шпанскиот шампион Барселона.
„Дани Алвес одлучи да ја напушти Барселона. Тоа е негова лична одлука и ние ќе ја почитуваме“, порача спортскиот директор на Каталонците, Роберт Фернандез.
Алвес моментално се наоѓа во Соединетите Американски Држави каде што го очекува настап на Копа Америка со репрезентацијата на Бразил, а по завршувањето на јужноамериканското првенство, Бразилецот веројатно ќе потпише за италијански Јувентус.
33-годишниот бразилец Дани Алвес во Барселона пристигна во 2008-ма година од екипата на Севиља, а во дресот на клубот од „Камп Ноу“ одигра над 240 натпревари и ги освои сите титули што може да се освојат во клубска Европа и пошироко.