Играчот на Мајами Хит, Крис Бош, и дефинитиво е принуден да ја заврши кошаркарската кариера.
Тој по заедничката проценка на лекарскиот тим на НБА лигата и асоцијацијата на кошаркари донесе одлука привремено да стави крај на кариерата.
Крис Бош е двократен НБА шампион и учесник на 11 Ол стар натпревари, последниот натпревар го одигра уште на 9.февруари 2016 година, кога му беше дијагностицирано згрутчување на крвта во организмот.
Тој неколку пати истакнуваше дека е подготвен да се врати, но раководството на тимот тоа не му го дозволи.
На крајот Бош објави дека повеќе не може активно да игра кошарка. Тој во НБА лигата пристигна од Џорџија Тек универзитетот.
Во периодот 2003 до 2010 година играше за Торонто, а потоа се пресели во Мајами, каде освои две титули. Одигра 893 натпревари, запиша 17.189 поени, 7.592 скокови, 1.795 асистенции и 932 блокади.
Со репрезентацијата на САД освои злато на ОИ во 2008 година во Пекинг.