Шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез потпиша нов тригодишен договор со Њукасл кој од следната сезона ќе игра во Чемпионшип дивизијата.
Бенитез во март го презема Њукасл и имаше солидни резултати но не успеа да го спаси клубот од преселба во понизок ранг на натпреварување.
Навивачите на „црно-белите“ му дадоа голема поддршка на Шпанецот и побараа тој да остане на менаџерската позиција.
,,Останувам во Њукасл. Големо влијание на оваа одлука имаше и љубовта на навивачите која ја почувствував, а исто така и односот на управата кон мене беше повеќе од коректен.
,,Ова е голем клуб и јас сакам да сум дел од неговата иднина, изјави Бенитез.
Шпанскиот фудбалски стручњак во својата тренерска кариера претходно работеше во Реал Мадрид, Наполи, Челзи, Интер, Ливерпул, Валенсија, и уште неколку шпански екипи од понизок ранг.