Барселено се сели од Ноу Камп – Се бара принудно решение!

Loading

Фудбалерите на Барселона ќе играат на вториот стадион околу една година кога клубот ќе ја започне планираната модернизација на стадионот „Камп Ноу“, изјави денеска претседателот Жоан Лапорта кој сака да ја започне долго одложената реконструкција на стадионот следното лето.

Тој додаде дека работите ќе траат три до четири години, но дека тимот ќе мора да најде друг дом за максимум 12 месеци.

– Разгледуваме различни можности, но најсилен кандидат е стадионот „Јохан Кројф“ – изјави Лапорта за каталонското радио.

Женскиот тим игра на стадионот „Јохан Кројф“ и е дел од тренинг комплексот на клубот во предградието на Барселона.

Друга опција, рече Лапорта, е тимот да игра на Олимпискиот стадион изграден за Игрите во 1992 година.

Стадионот Камп Ноу е веќе најголемиот европски фудбалски стадион со 99.000 места, но клубот сака да го зголеми својот капацитет на 110.000 места и истовремено да ги обнови другите спортски објекти, музеј и продавници.

За финансирање на овој проект, Барселона преговара со Голдман Сакс за заем од 1,5 милијарди евра. Планот за финансирање треба да добие поддршка од членовите на клубот.

– Новиот Камп Ноу е од фундаментално значење за опстанокот на клубот и неговата непосредна иднина – рече Лапорта.

Плановите на Барселона за реновирање на стадионот наидоа на неколку одложувања во последната деценија.

 

 

 

Видео: Како Ноу Камп ќе се прошири на 105.000 места!?