Баерн уште посилен следната сезона, Хумелс и Санчез потпишаа договори!

Loading

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд Матс Хумелс од следната сезона ќе го носи дресот на ривалот Баерн Минхен.

humm1

„Милионерите“ уште пред 10 дена изјавија дека Хумелс ги известил за желбата ова лето да замине од Сигнал Идуна Парк и да се врати во Баерн Минхен, каде и ја започна кариерата.

Двата клуба пронајдоа заеднички јазик, и дефанзивецот по крајот на сезоната ќе се пресели на Алианц Арена.

Откако Матс Хумелс ќе ги мине редовните лекарски прегледи ќе стави потпис на 5 годишен договор и ќе остане во Баерн до 30. јуни 2021 година.

humm

Двата клуба не откриваат детали од зделката, но се верува дека за услугите на Матс Хумелс, Баерн ќе плати помеѓу 35 и 38 милиони евра.

Освен Хумелс, Баерн Минхен, претходно го договори трансферот на суперталентот на Бенфика, Ренато Санчез, а истиот беше потврден преку официјалната веб-страница на баварскиот гигант и претставува огромно изненадување, ако се знае дека младиот Ренато требаше да биде главното засилување на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед за следната сезона.

san-hum

Германските медиуми тврдат дека станува збор за трансфер вреден 35 милиони евра, плус дополнителни 15 милиони што баварскиот гигант би ги платил преку неколку различни клаузули.

Санчез е фудбалер за врска и сигурно ќе биде супер засилување за тимот на Карло Анчелоти.