Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо е блиску до враќање во Премиер лигата, односно во Арсенал, пренесуваат бројни шпански и англиски медиуми.
Како што се наведува, Барселона ќе успее да се „ослободи“ од неговата висока плата, која е исклучително важна во моментите кога клубот го тресе финансиска криза.
Исто така, 29-годишниот Кутињо кој на Ливерпул му беа платени сите 120 милиони евра, не е во плановите на тренерот Чави Ернандез.
Тој пристигна на „Камп Ноу“ во 2018 година, една сезона мина на позајмица во Баерн, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор.
Во текот на кариерата играше и за Интер, Васко де Гама и Еспањол.
За бразилската репрезентација одигра 63 натпревари и постигна 18 голови.