Алонсо ја даде својата прогноза – Неговото мислење ги изненади сите!

Ф1 возачот на Алпина, Фернандо Алонсо истакна дека тимот на Ферари за него оставил најдобар впечаток на тестовите пред сезоната 2022 во Формула 1.

фото: EPA/Tannen Maury

Трофејниот Шпанец, смета дека тоа што болидот на Ферари е најбрз е добра вест за неговиот сонародник Карлос Саинц.

Ферари на тестовите успеа да ја покаже и издржливоста на болидот, бидејќи Саинц и Леклер извозеа 439 круга за три дена. Тоа е повеќе од кој било друг тим.

– Се чини дека Ферари моментално го има најбрзиот болид. Тоа секако е изненадување, но и одлична вест за Саинц и Шпанија. Иако, Мерцедес и оваа година очигледно е исклучително брз – заврши Алонсо.

Во последните две години, Ферари ги фрли сите карти на правење автомобили според новите правила за повторно да се бори за титулите.