Завршија трејдовите во НБА лигата без звучни имиња!

Loading

Во НБА лигата заврши преодниот рок за трансфери, каде екипите го искористија за да променат нешто во своите редови.

nba trade

Тимовите се ослободија од своите позначајни играчи, а дел ослободија простор за во иднина, но овој рок мина без страшни трампи.

Орландо-Детроит – Тобајас Херис замина во Меџик, а Брендон Џенингс и Ерсан Илјасова во Пистонс.

Шарлот, Мемфис и Мајами – Кортни Ли замина во Хорнетс, Пи-Џеј Херстон, Крис Андерсен и четири втори пика на драфтот (2017, 2018 и два 2019) во Гризлис, додека Брајан Робертс заврши во Хит.

Детроит и Хјустон – Донатас Мотејунас и Маркус Торнтон во Пистонс, Џоел Ентони и прв пик на драфтот во 2016 кај Рокетс.

Кливленд-Орландо-Портланд – Ченинг Фрај и следен втор пик на драфот во Кавалирс, Орландо го доби Џеред Канингем и втор пик на драфтот во 2020 (од Кливленд), Портланд го доби Андерсон Варежао и прв пик на драфтот од Кливленд.

Оклахома- Денвер – Ренди Фој се пресели во Тандер, во обратна насока заминаа Ди-Џеј Огустин, Стив Новак плус два втори пика на драфтот

Вашингтон-Феникс – Маркиф Морис се пресели во Визардс, додека нови играчи на „сонцата“ од Аризона се Крис Хамфрис, Дехуан Блер плус прв пик на драфтот во 2016 година.

ЛА Клиперс-Мемфис – Џеф Грин замина во Клиперс, Гризлис ги добија Ленс Стивенсон и првиот пик на драфтот во 2019 година

Јута-Атланта-Чикаго – „Џезерите“ го добија Шелвин Мек од Атланта, „биковите“ се освежија со Џастин Холидеј од Атланта плус втор пик на драфт од Јута, а пак „јастребите“ го добија ветеранот Кирк Хајнрих.

-Брајан Робертс кој беше трејдуван во Хит на крајот заврши во Портланд за втор пик на драфтот.

-Мајами го испрати Џарнел Стоукс во Њу Орлеанс Пеликанс за втор пик на драфтот во 2018 година.