Стефан Петерхансел од Франција повторно има момент за прослава, откако во конкуренцијата на автомобили на релито „Дакар 2016“, го освои првото место и стигна до нова титула, додека кај мотоциклистите до титулата стигна Австриецот, Тоби Прајс.
За Петерхансел ова беше 12-та титула во Дакар. Првите 6 наслови ги освои како мотоциклист во 1991, 1992, 1993, 1995, 1997, 1998, по што славеше и во конкуренцијата на четири тркала во 2004, 2005, 2007, 2012, 2013 и 2016 година.
Оваа титула на Петерхансел за него е посебна бидејќи ја оствари возејќи Пежо, што воедно е прва победа на француски произведувач на релито од 1990 година.
Тоби Прајс кај моторите стигна до титулата возејќи мотоцикл на произведувачот КТМ, што е петта последователна победа на оваа фабрика.
Австриецот воедно ја прекина 10-годишната доминација на Шпанецот, Марк Кома и на Французинот Цирил Деспре.
И ова рели не мина без инциденти и загинати возачи, а својот живот тука го оставија тројца возачи.