За малку бламажа на Ливерпул од нисколигашот Ексетер во ФА купот!

Loading

Тимот од Енфилд, Ливерпул за малку ќе се избламираше со нисколигашот Ексетер и одигра нерешено 2-2 со што се спаси од елиминација.

exeter

Домашниот тим на Ексетер на два пати имаше предност. Николс уште во 9-та минута го шокираше англискиот премиерлигаш, а само три минути подоцна Синклер израмни на 1-1.

Најубавиот момент на натпреварот се случи во судиското продолжение во првото полувреме. Фудбалерот на Ексетер, Ли Холмс директно од корнер го совлада Адам Богдан и ја врати предноста на домашниот тим на 2-1.

liver

Сепак во 73-та минута младиот Австралиец, Бредли Смит израмни на 2-2 и ја спаси честа на Ливерпул со што осигура реванш на Енфилд.

За потсетување тренерот на Ливерпул Јирген Клоп играше со втор состав на овој меч.