Видео: Евролига Топ 16 – Антиќ и Фенербахче пресилни за Црвена звезда

Loading

Кошаркарите на Фенербахче со победа се враќаат од Белград, каде ја декласираа Црвена Ѕвезда со 88-65 во рамките на 2.коло од ТОП 16 фазата во Евролигата.

pero-antic-fenerbahce

Перо Антиќ одигра одличен натпревар против својот најомилен клуб Црвена звезда, екипа за која настапуваше во минатото.

Фенербахче предводен од македонскиот интернационалец Антиќ кој мина само 20 минути во игра имаше одличен учинок од 12 поени, 4 скока и по една асистенција и украдена топка, но најбитно за Антиќ, беше неговиот придонес на стартот од второто полувреме, кога ги постигна и најголемиот дел од поените, а на Фенербахче му ја донесе решавачката предност за победа.

„Тажен сум поради тоа што многу ги сакам овие навивачи во салата’, но среќен сум што победивме изјави Антиќ.

Фенербахќе по две кола од вториот дел од Евролигата, стигна и до втората победа, додека Црвена Звезда се уште е без победа.