Во Лигата на шампионките познати се паровите за нокаут фазата односно за 1/4 финалет. Нашиот шампион тимот на ЖРК Вардар за противник ќе го има норвешкиот тим на Ларвик.
По комплетирањето на натпреварите од последното 10.коло во групната фаза, познати се осумте екипи кои ќе се борат за место во завршниот турнир.
Покрај дуелот меѓу ЖРК Вардар и Лаврик, за место на „фајнл-фор’’ турнирот ќе се борат:
Ростов – ЦСМ Букурешт
Ференцварош – Ѓер
Баја Маре – Будуќност.
Првите натрпевари се играат од 1 до 3 март, а реваншите се за една недела односно од 8 до 10 март.