Мајда Мехмедовиќ која моментално игра за шампионот Будуќност го напушта црногорскиот првак по крајот на сезоната и ќе се пресели во Романија во тимот на Букурешт.
-Одлуката беше тешка, но сакам нови предизвици иако знам дека никаде нема да се чувствувам како во Подгорица. Желба ми е да играм во странство, меѓутоа би сакала по тоа искуство да се вратам во Будуќност и тука да ја завршам кариерата, изјавила Мајда.
Се шпекулираше дека Мехмедовиќ ќе дојде во Скопје и ќе игра за нашиот шампион ЖРК Вардар, но од тоа нема ништо.
Мајда веќе ги договорила деталите со романскиот тим и од следната сезона ќе го засили Букурешт, а во Скопје нема никакви шанси да дојде.