Втора победа по ред на МЗТ Скопје во АБА лигата без Алеш Пипан!

Loading

Македонскиот шампион МЗТ Скопје стигна до втората победа по ред во АБА лигата односно 6-та во сезоната откако во Ваљево го совладаа Металац со 77:68 во премиерниот натпревар од 15.коло во регионалното натрпеварување.

mzt win1

МЗТ Скопје стигна до втората победа под водство на Александар Јончевски, а од друга страна Металац го доживеа десеттиот пораз и се наоѓа на претпоследното место на табелата во АБА.

Металците одиграа повторно добар натпревар, по израмнетата прва четвртина МЗТ ја презеде контролата врз играта, неколку пати имаше и двоцифрена предност и со сигурна игра во завршницата запиша заслужена победа.

Марко Луковиќ и Ѓорѓе Дреновац постигнаа по 15, а Дамјан Стојановски 14 поени за МЗТ Скопје во чии редови дебитираше Урош Луковиќ со 6 поени,  7 скока, 2 блокади и 3 загубени топки.

mzt win

Со оваа победа МЗТ Скопје се искачи на 8-то место на табелата со 21 бода, а во следните две кола игра на домашен терен против Партизан во среда на 23 декември и со Мега Лекс на 28 декември.