Виланова среќно до титулата во НЦАА кошаркарската лига во САД

Loading

Во крајно возбудлив и драматичен натпревар во финалето на универзитетската  лига, кошаркарите на Универзитетот Виланова со тројка во последната секунда ја освоија титулата во НЦАА лигата за сезоната 2015/2016.

jenkis

Виланова, во финалето кое се одигра во Хјустон, славеше над Северна Каролина со 77:74, а втората титула во лигата, по 1985 година, на Виланова и ја донесе Крис Џенкинс, кој со звукот на сирената погоди тројка од 10 метри.

Драмата започна на 5 секунди до крајот, кога Маркус Пејџ постигна тројка од тешка позиција и го израмни резултатот на 74:74.

Виланова до титулата ја предводеа Фил Бут со 20 поени и Рајан Аркидианконо со 16 поени, додека херојот Џенкинс постигна 14 поени.

carolina

Најефикасен кај Северна Каролина беше Пејџ со 21 поен, 6 асистенции и 5 скока, а поен помалку постигна Џоел Бери.

На трибините своја поддршка за тимот од каде и ја започна својата голема кошаркарска кариера во тимот на Северна Каролина им даде и најголемиот во овој спорт Мајкл Џордан, но за жал неговиот тим го загуби натпреварот.

vilanova1 vilanova