(Видео+Фото) Манчестер сити на пенали стигна до титулата против Ливерпул во Лига купот!

Loading

Манчестер сити го освои англискиот Лига куп откако на Вембли дури по подобро изведување пенали го победи Ливерпул со 3-1.

city1

Фернандињо ги доведе „граѓаните“ во водство на додавање на Агуеро во 49.минута, а израмни Кутињо во 83, а во продолженијата мрежите на двете екипи мируваа.

Во пенал рулетот подобри беа „граѓаните“. Ливерпул не реализира дури три пенали, откако неуспешни од белата точка беа Лукаш Леива, Кутињо и Лалана.

city4 city3 city2

Затоа пак Навас, Агуеро и Јаја Туре погодија на вистинското место за освојување на трофејот во ова натпреварување.

Инсерти од мечот…