(Видео+Фото) Лион ја прекина доминацијата на ПСЖ која траеше цела година!

Loading

Тимот на Лион му го нанесе првиот пораз на актуелниот француски шампион, ПСЖ, во домашното првенство по точно 320 дена.

lyon beat psg1

Тимот на Лоран Блан, загуби во дерби мечот одигран во рамките на 28.коло, од Лион со 2:1, а тоа беше најавено уште во првото полувреме кога со головите на Корне и Дардер стекна предност од 2:0.

До крајот на натпреварот Лукас Мура само го ублажи поразот на 2-1, а пред гостувањето на „Жерлан“, играчите на ПСЖ последниот пораз во домашното првенство го забележаа пред точно 320 дена, односно во минатото првенство кога загубија во Бордо.

lyon beat psg

Сепак овој пораз не е никаков аларм кај принцовите бидејќи тие се на чекор од освојување на нова титула во француското првенство бидејќи ПСЖ по 28 кола има 23 бода повеќе од вторпласираниот Монако.