Видео: Започнува разврската за медалите на ЕП 2016 во Полска!

Loading

На европскиот шампионат во ракомет што се одржува во Полска, денеска се играат полуфиналните натпревари.

ep 2016 poland

Во „Таурон Арена“ во Краков играат Норвешка и Германија, а со пласманот во полуфиналето двете селекции направија изненадување, но со прикажаните игри сосема заслужено се најдоа во борбата за медалите.

Второто полуфинале почнува од 21 часот и играат Шпанија и Хрватска. Шпанија досега има одиграно три финални натпревари, а Хрватска два.

Од четирите репрезентации во полуфиналето само Германија во 2004 година ја има освоено европската титула.

Во Вроцлав пак ќе се играат дуелите за пласман. Домаќинот Полска од 16 часот ќе игра против Шведска (дуел за 7. место), додека од 18:30 часот е натпреварот за 5. место што сите го очекуваа како финале – меѓу Франција и Данска, бидејќи на последните пет европски првенства, овие две селекции ги освоија сите пет титули – Франција три, а Данска две.